Практикант за комуникации

Практикант за комуникации (една работна позиција)

20 Март 2020

Скопје

Назив на работното место:    Практикант за комуникации

Локација:        УНФПА, Јордан Хаџи Константинов - Џинот 23, 1000, Скопје, Северна Македонија

Полно/пола работно време:  Половина работно време (20 часа неделно)

Времетраење:          3 месеци, со можност за продолжување од дополнителни 3 месеци

Датум на започнување:         1 април 2020 година

За работната позиција:

Дали се залагате за родовата еднаквост, активизмот и ангажманите на младите? Дали се раководите согласно добиените резултати, дали сте добар комуникатор и раскажувач? Дали барате можност да ја почнете кариерата во областа на комуникациите и да дознаете повеќе за работата на ООН во Северна Македонија? Доколку е така, тогаш можеби вие сте личноста што ја бараме да му се придружи на нашиот динамичен и разновиден тим.

Под директен надзор на асистентот за комуникации и под водство на раководителот на канцеларијата, практикантот ќе ја поддржува канцеларијата на УНФПА во областа на комуникациите, истражувањето и спроведувањето анализи.

За времетраењето на практикантската работа ќе биде договорен план на работа што ќе ги вклучува можностите за учење и достигнувањата. Периодичните состаноци во врска со напредокот ќе овозможат корисни услови за практикантот што ќе придонесат за подобрување на нејзините/неговите вештини и капацитети во областите поврзани со мандатот на УНФПА.

За УНФПА и за тоа на кој начин вие ќе направите разлика:

УНФПА е водечка агенција на ООН која се стреми кон креирање свет во којшто секоја бременост е сакана, секое породување е безбедно и потенцијалот на секоја млада личност е остварен. УНФПА ги проширува изборите и можностите за жените и младите луѓе кои им овозможуваат да водат здрав и продуктивен живот.

Канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија бара кандидати кои вршат трансформации, инспирираат и спроведуваат големо влијание и одржливи резултати. Нам ни се потребни практиканти кои ќе бидат исклучителни во управувањето со ресурсите што ќе им бидат доверени и кои ќе се обврзат да испорачуваат извонредност во резултатите од програмата. Практикантот ќе го поддржи спроведувањето на планот на Канцеларијата на УНФПА, за комуникации и застапување за 2020 година.

Очекуваното времетраење на ангажманот изнесува 3 месеци, со можност за продолжување на уште дополнителни 3 месеци, што ќе биде условено од задоволителниот учинок од страна на практикантот.

Под директен надзор на асистентот за комуникации, практикантот за комуникации ќе ги преземе следниве задачи:

  • Под водство и надзор на асистентот за комуникации, практикантот ќе биде одговорен за пишување, уредување и прикачување текстуални и мултимедијални содржини, вклучувајќи написи и интервјуа на интернет-платформите за комуникација;
  • Ќе помага во креирањето и дизајнирањето креативни содржини за сите платформи на социјални медиуми („Фејсбук“, „Твитер“, „Инстаграм“ итн.);
  • Преку стратегии и планови за социјалните медиуми за претстојните настани и други содржини на социјалните медиуми, ќе обезбеди поддршка на асистентот за комуникации на УНФПА;
  • Ќе обезбеди поддршка од аспект на организирање настани поврзани со стратегиите и програмите за корпоративни комуникации;
  • Ќе прибира статии од националните, регионалните, меѓународните весници и списанија што се однесуваат на прашања поврзани со сексуалното и репродуктивно здравје (СРЗ), сексуалното насилство во услови на кризни состојби и конфликти, развојот на населението, како и работата на УНФПА;
  • Ќе помага во следењето на медиумите и подготовката на извештаи/резимеа за следењето на медиумите;
  • Ќе ги класифицира и соодветно ќе ги чува комуникациските материјали, вклучително и фотографиите;
  • Ќе даде соодветен придонес во изготвувањето инфографици и визуелни производи, како што се слики, мапи и табели;
  • Ќе врши преглед на научени лекции од успешни и неуспешни комуникациски искуства и резултатите/наодите ќе ги споделува со асистентот за комуникации и вишото раководство, така што најдобрите практики ќе бидат од корист за комуникациската работа на Фондот; и
  • Доколку е потребно, ќе врши и други задачи.

Очекувани резултати/исходи:

  • Помош при пишување/ажурирање на 2 до 3 информации до медиуми/статии за медиуми;
  • Помош при креирање најмалку на 2 до 3 креативни дизајни за кампањи за социјални мрежи;
  • Редовно ажурирање на веб-страницата на регионалната канцеларија и социјалните мрежи; и
  • Редовно прибирање статии, односно најмалку 2 до 3 исечоци од весници и списанија.

Квалификации/барања:

  • Студент на додипломски/магистерски студии или неодамнешно завршување на магистерски студии во соодветна област на пр.: новинарство, маркетинг или односи со јавноста, политички науки или меѓународни односи;
  • Се препорачува искуство од областа на медиумските комуникации, вклучително и социјалните мрежи;
  • Докажани истражувачки вештини, креирање пишана содржина со висок квалитет;
  • Добро познавање на Adobe Creative Cloud платформите;
  • Лицето треба да поттикнува иницијативи, да поседува способност за добра проценка и да прикаже способност за хармонично работење со вработени со различно национално и културно потекло;
  • Доколку е возможно, лицето треба да поседува одредено искуство во работењето со агенциите за развој, независно дали се работи за практикантски или работен однос.

Јазични вештини: Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик (пишан и говорен).     

 

Стекнато знаење:

По завршувањето на обврските и во зависност од времетраењето, практикантот ќе се стекне со следниве знаења:

  • Зголемено разбирање на УНФПА и програмскиот оддел во рамките на УНФПА;
  • Разбирање на мандатите и политиките на УНФПА, вклучително и регионалната поставеност;
  • Разбирање на механизмите за дизајнирање и спроведување на програмата на УНФПА;
  • Разбирање на динамиката на оперативната и програмската поддршка и комуникациите во областа и подрегионот;
  • Практикантот ќе го научи техничкиот јазик на ООН, работните процедури и механизмите за координација;
  • Пишување и формулирање на суштински/важни документи;
  • Вмрежување со колегите од ООН;
  • Работно искуство како член на тим во мултикултурно опкружување.

Финансиски апспекти:

Практикантите нема да добиваат плата или друг вид надомест од страна на УНФПА. Трошоците поврзани со учеството на практикантот во програмата мора да ги преземе или номинираната институција, која може да им ја обезбеди потребната финансиска помош на своите студенти, или самите студенти, кои ќе треба сами да ги покријат трошоците за живот, сами да се погрижат за сместувањето, трошоците за патување и други трошоци или барања.

Сепак, доколку не се финансиски поддржани од која било институција или програма, како што е универзитет, влада, фондација или програма за стипендии, студентите ќе добијат стипендија што ќе им помогне во покривањето на основните дневни трошоци поврзани со практикантската работа. Износот на стипендијата варира во согласност со работната позиција. Дополнително, апликантите мора да поседуваат соодветно здравствено осигурување за времетраењето на практикантската работа. Пред започнувањето на практикантската работа, тие ќе треба да прикажат доказ за здравствено осигурување. УНФПА не покрива здравствено осигурување за практиканти.

Начин на аплицирање:

Kандидатите треба да достават CV и мотивациско писмо на следната е-адреса: macedonia.office@unfpa.org, со назнака: Практикант за комуникација.

Во рамките на овој повик за практикантска работа, ќе бидат разгледани само апликациите што ќе бидат примени најдоцна до 17:00 часот во петок, 20.03.2020 година. Поради обемот на примени апликации, ќе бидат контактирани и повикани на интервју само кандидатите од списокот со потесен избор на кандидати, односно кандидати кои го исполнуваат најголемиот дел од барањата.