Состојба на светското население во 2018 година

Моќта на изборот: Репродуктивните права и демографската транзиција

No. of pages: 156

Publication date: October 2018

Author: УНФПА

Publisher: УНФПА

Повеќето луѓе, до неодамна, имаа големи семејства – просечно по пет деца. Денес има многу различни стапки на фертилитет, споредбено со порано кога имаше само една, глобална стапка, а овие разлики се поголеми од кога и да е во човековата историја.

Големината на семејството, без разлика дали станува збор за мало или големо, е тесно поврзана со репродуктивните права, како што се здравјето и образованието, соодветни примања, слободата да се направи избор и недискриминацијата.

Луѓето напредуваат кога нивните права се реализирани. Кога не се исполнети нивните права, тие не можат да го реализираат својот потенцијал, а стапките на фертилитет се или поголеми или помали од она што повеќето од нив навистина го сакаат.

Врз основа на сегашните стапки на фертилитет, повеќето држави и територии спаѓаат во четири широки категории. Секоја од нив e соочена со загриженоста на националната политика за популациските трендови. Секоја од нив не е целосно поттикната слободно и одговорно да решава колку деца ќе има бидејќи нивните права, на одреден начин или до одреден степен, се компромитирани.