Состојба на светското население во 2017 година

No. of pages: 140

Publication date: October 2017

Author: UNFPA

Последиците од нееднаквоста, вклучувајќи ја и нееднаквоста во и сексуалното и репродуктивното здравје и права, може да влијаат и врз целите за развој на глобалната заедница, се наведува во најновиот извештај на УНФПА, со наслов „Два различни света: репродуктивното здравје и права во време на нееднаквост“.

Неуспехот да се обезбедат услуги за репродуктивно здравје на најсиромашните жени, вклучувајќи и планирање на семејството, може да ги ослабне економиите и да го поткопа напредокот кон најважната цел за одржлив развој, искоренување на сиромаштијата.

Во светски рамки, немањето пристап до репродуктивно здравје и права, ја зацрвстува економската нееднаквост и ги зацврстува другите нееднаквости, вклучувајќи ја и нееднаквоста во здравјето на жените, при што само малку привилегирани жени се во состојба да ја контролираат својата фертилност, па така и да стекнат вештини, да влезат во платената работна сила и да добијат економска моќ.

„Нееднаквоста во земјите денес не се однесува само на оние што имаат и оние што немаат“, вели извршниот директор на УНФПА, д-р Наталија Канем. „Нееднаквоста сé повеќе се однесува на оние што можат и оние што не можат. Сиромашните жени кои немаат средства да донесат сопствена одлука за големината на семејството, или кои се во лоша здравствена состојба поради несоодветната заштита на репродуктивното здравје, доминираат во редовите на оние што не можат“.