Вклучување на мажите во неплатената работа поврзана со грижа

Насоки за застапување во Источна Европа и Централна Азија

Број на страници: 40

Датум на објавување: June 2018

Author: UNFPA and Promundo

Publisher: UNFPA and Promundo

Неплатената работа поврзана со грижа честопати се смета за второстепено прашање, но тоа е една основните причини за нееднаквоста на жените. Исто така, ова е еден од клучните елементи во континуираната ниска стапка на родност во Источна Европа што ги тера жените да бираат меѓу тоа дали да имаат деца или да градат кариера.

Во текот на изминатите 10 години, се изработија нови податоци за мажите и родовите односи во регионот. Овие податоци докажуваат дека еднаквоста во грижата e добра не само за зајакнување на улогата на жените и благосостојба на децата, туку и за мажите.

Истражувањата покажуваат дека вклучените мажи се чувствуваат емотивно повеќе поврзани со нивните партнери и деца, и живеат посреќен и подолг живот.  Овие насоки за застапување посочуваат како верувањата, ставовите и практиките на мажите и жените, како и ниската социјална поддршка за споделување на неплатената работа поврзана со грижа, влијае на родовата еднаквост во домаќинствата.

Насоките ја потенцираат потребата од трансформација на неправедните практики на мажите поврзани со семејниот живот и напуштање на факторите коишто ја одржуваат нееднаквоста.