Публикација

Нови изданија

Појавата на епидемии различно влијае на жените и на мажите. Ширењето на болести ја продлабочува постоечката нееднаква положба во која се наоѓаат жените и девојчињата како и дискриминацијата на други маргинализирани групи како што се лицата со посебни потреби и лицата кои живеат во екстремна сиромаштија.

Глобално, жените претставуваат 70 проценти од здравствениот и социјален сектор. Треба особено внимание да се посвети на тоа што нивната работна средина може уште повеќе да ги изложи на дискриминација. Исто така, треба да се земе предвид и нивното сексуално и репродуктивно здравје и психо-социjaлни потреби како здравствени работници на првата ‘борбена’ линија.

Целосен преглед

Стратегијата ги поставува младите луѓе - нивните таленти, надежи, гледишта и уникатни потреби - во центарот на одржливиот развој. Воедно, го поддржува постигнувањето на Целите за одржлив развој и се усогласува со новата Стратегија на Обединетите нации за млади, како и Стратешкиот план на УНФПА 2018-2021. Сè што прави УНФПА, зависи од заложбите за сексуално и репродуктивно здравје и права опфатени во Меѓународната конференција за население и развој од 1994 година и нејзината програма за акција. Овие заложби се клучни за адолесцентите и младите.

Целосен преглед

Два важни настани во областа на репродуктивното здравје ја одбележуваат 2019-та година: 50 години од формирањето на УНФПА (UNFPA50) и 25 години од одржувањето на Меѓународната конференција за население и развој (ICPD25) во Каиро.

Овие два настани – започнувањето со работа на првата агенција на Обединетите нации посветена на порастот на населението и потребите во областа на репродуктивно здравје на населението во светот и прогласување на глобална посветеност кон сексуалното и репродуктивното здравје и права – фундаментално ги обликуваа животите на жените и семејствата, како и општествата во кои тие живеат, на мерливи и немерливи начини, важни и површни, трајни и минливи.

Активистите, застапниците, специјалистите по јавно здравје и многу други, немилосрдно ги предводеа трансформациите што денес ги гледаме околу нас, но останува уште многу да се направи.

Што носи иднината во однос на промените во растот на населението, употребата на контрацепција и сексуалното и репродуктивно здравје и права, ќе се утврди од  способноста на жените и девојките да го остварат својот целосен потенцијал како членови на општествата.  Ова ќе биде утврдено од начинот на кој светот ги презема и унапредува достигнувањата и од тоа како ги адресира недостатоците на ICPD до денес.

Целосен преглед

Повеќето луѓе, до неодамна, имаа големи семејства – просечно по пет деца. Денес има многу различни стапки на фертилитет, споредбено со порано кога имаше само една, глобална стапка, а овие разлики се поголеми од кога и да е во човековата историја.

Целосен преглед

Во неколку држави во Источна Европа, бројноста на населението се намалува. Десетте држави во светот, каде намалувањето на населението се одвива најбргу, се наоѓаат во Централна и Источна Европа. Владите се загрижени за негативното влијание што намалувањето и стареењето на населението го имаат врз економијата, социјалните системи, инфраструктурата, па дури и националната безбедност.

Целосен преглед

Откако се разгледа Меѓународната конференција за население и развој (ИЦПД) после 2014 година и се усвои Краткиот преглед од 2013 година, пред пет години, УНЕЦЕ и УНФПА соработуваат за да известат за напредокот и предизвиците со кои се соочуваат државите-членки во процесот на спроведување на препораките од овој документ.

Извештајот ги потенцира клучните трендови во популациските и развојни политики во регионот на УНЕЦЕ, дава преглед на постоечките решенија на заедничките проблеми и предлага препораки за активности со цел натамошен напредок на спроведувањето на Акциската програма на Меѓ- ународната конференција за население и развој (ICPD) во регионот.

Целосен преглед

Year on year, millions of women and adolescents in 155 countries and territories have been progressively able to exercise their sexual and reproductive health and rights. This is in no small measure as a result of UNFPA programmes and activities.

The UNFPA strategic plan for 2014-2017 set ambitious targets for increasing access to sexual and reproductive health services. These services have empowered millions of women to make their own decisions about whether, when or how often to become pregnant. They have enabled millions of teenagers to avoid unplanned pregnancy, and to make safe and healthy transitions to adulthood. And they have slowed the unnecessary and cruel tide of maternal death.

Целосен преглед

Неплатената работа поврзана со грижа честопати се смета за второстепено прашање, но тоа е една основните причини за нееднаквоста на жените. Исто така, ова е еден од клучните елементи во континуираната ниска стапка на родност во Источна Европа што ги тера жените да бираат меѓу тоа дали да имаат деца или да градат кариера.

Целосен преглед

Меѓународното техничко упатство за сексуално образование е техничка алатка којашто ги презентира логичните причини и основата базирана на докази за обезбедување на сеопфатно сексуално образование на младите за постигнување на Целите за одржлив развој.

Целосен преглед

Два различни света: репродуктивното здравје и права во време на нееднаквост

Целосен преглед

Pages