Меѓународен ден на хуманитарната работа

19 Август 2018

Глобален

Меѓународниот ден на хуманитарната работа е ден кога им се оддава почит на оние кои се соочуваат со опасности и несреќи за да им помогнат на другите. Овој ден претставува можност да се одбележи „духот“ што ја инспирира хуманитарната работа.

Милиони луѓе во светот денес се погодени од хуманитарни кризи и им треба хуманитарна помош. Особено жените и девојчињата се соочуваат со големи потешкотии во вакви ситуации. Ризикот од насилство се зголемува, а пристапот до здравствени услуги се намалува. Над половина од сите случаи на мајчина смртност се случуваат токму во ситуации на хуманитарна криза.

УНФПА е во тесна соработка со своите партнери за да овозможи интегрирање на репродуктивното здравје при справување со кризни состојби. УНФПА дистрибуира хигиенски и средства за планирање на семејството, здравствен кадар, а дава и друга поддршка за ранливите категории на население. Исто така, активностите се насочени кон тоа потребите на жените и младите луѓе да се задоволат и во фазата на итна помош и во фазата на обнова.