Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА се стреми кон креирање свет во којшто секоја бременост е сакана, секое породување е безбедно и потенцијалот на секоја млада личност е остварен. Во 2018 година УНФПА ги почна своите напори за постигнување на трите трансформативни резултати, односно амбиции кои ветуваат дека ќе го променат светот за секој маж, жена и млада личност, а тоа се: ставање крај на неостварената потреба за планирање на семејството, ставање крај на смртноста на мајките, што може да се превенира, и ставање крај на родово базираното насилство и штетните практики.

УНФПА соработува со влади и различни партнери во насока на промовирање на универзален пристап до квалитетни, интегрирани сексуални и репродуктивни здравствени услуги, зајакнување на здравствените системи, обучување на здравствените работници, едуцирање на акушерките и преку соработката со креаторите на политики, правосудните системи, здравствените системи и хуманитарните партнери, се стреми кон подобрување на пристапот до целиот спектар на услуги од аспект на репродуктивното здравје и во насока на спречување и одговор на родово базираното насилство. УНФПА, исто така, се занимава со динамиката на населението, човечкиот капитал и одржливиот развој, како и со креирањето на политики за населението.

Од своето основање во земјата во 2007 година, како дел од системот на ООН и во рамките на прифатениот УНДАФ-документ, УНФПА Северна Македонија ја поддржува Владата во областа на репродуктивното здравје, населението и развојот и борбата против родово базираното насилство. Главни области на работа се: пристапот до достапни висококвалитетни интегрирани услуги за сексуално и репродуктивно здравје, зајакната одговорност за отстранување на сите форми на дискриминација, како и зајакнување на маргинализираните групи, со фокус на лицата со попреченост, корисниците на социјална помош, жените Ромки и жените што потекнуваат од рурални средини, адолесцентите и младите лица.

УНФПА Северна Македонија, заедно со неколку имплементациски организации и други партнери, од аспект на секторските политики/стратегии на национално ниво, работи на Сеопфатното сексуално образование (ССО), како дел од Сексуалното и репродуктивно здравје на адолесцентите и младите лица, развојот и благосостојбата, притоа вклучувајќи и иновативни пристапи за лицата со попреченост. УНФПА, како дел од заеднички проект со други агенции на ООН во земјата, исто така, работи во областа на превенцијата и адресирањето на родово базираното насилство, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, потоа, се стреми кон интегрирање на Пакетот на минимални почетни услуги (ПМПУ) за репродуктивно здравје во рамките на Одговорот на здравствениот сектор (ОЗС) - учество на поголем број засегнати страни во креирањето политики за СРЗ и СРЗ засновано на докази, и исто така, работи во областа на динамиката на населението и човечкиот капитал, пописи, итн.

Канцеларија на УНФПА во Северна Македонија

Контакт адреса: Јордан Хаџи Константинов Џинот 23, 1000, Скопје
Телефон: (389 2) 3249 588 
Емаил: macedonia.office@unfpa.org